Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија е на второ место по Хрватска по спроведени тестови

Македонија е на второ место по Хрватска по спроведени тестови

Веднаш по Хрватска, Македонија до сега има направено 2.362 теста, а потоа следува Грција, Црна Гора, Романија и така натаму. Бугарија е на последно место во регионот по спроведени тестови на 1 милион жители. Според бројот на спроведени тестови за новиот коронавирус, на 1 милион жители, ние сме на второ место во регионот, покажуваат анализите.

-Имаме доволно тестови за да ги задоволиме потребите на нашата земја. Ова е одличен резултат, не само за бројката на тестови, туку и за целокупниот пристап кон идентификување на пациентите, нивните резултати и кластерите на заболени. Во моментов располагаме со 4.500 тестови, а резервите секојдневно се надополнуваат. Ја очекуваме донацијата и од 20.000 китови за тестирање – кои се доволни за потребите според вкупниот број на население во земјава“-објави министерот за здравство, Венко Филипче.


Слично

Поврзани вести