Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕФОРМИ: Каква администрација имаме – каква треба да биде ?

РЕФОРМИ: Каква администрација имаме – каква треба да биде ?

Македонија презеде голема обврска пред домашната и меѓународната заедница. Владата со усвојување на Акцискиот план за реформи се обврза на длабоки промени во повеќе сегменти, поставувајќи и рокови за нивно исполнување. Борбата за постигнување на европските стандарди почна – сега е потребно одговорно и отчетно постапување, велат експертите. На листата приоритети е и администрацијата заедно со департизација и деполитизација на институциите.

Квалитативни или квантитативни реформи во администрацијата?  

Една од клучните точките во Акцискиот план за реформи e независност на институциите. Сега, кога политиката и партијата длабоко навлегоа во државниот апарат – според дел од аналитичарите, ќе биде многу тешко  администрацијата да се врати на професионалните стандарди и институциите да се ослободат од духот на политиканство.

“Во изградбата на единствен Национален модел за подигнување на квалитетот и ефектите од работата на македонските институции мора да се содржат:  од една страна, критериумите, препораките и изградените методи и техники за јакнење на капацитетот за реформи кај носителите на институционалните политики, како и кај давателите на овие услуги, првенствено според насоките содржани во поглавјата за пристапување кон Европската унија. Ова целосно не исправува пред предизвикот да борбата за достигнување на европските стандарди од македонските институции отпочне веднаш, со цел нивните ефекти што побргу да се почуствуваат во нашето општество. Од друга страна, македонските институции на државно и локално ниво се исправени пред предизвикот од спроведување на целосна анализа на капацитетот и развојниот потенцијал на вработените во македонската администрација, со цел свртување на вниманието кон нивниот реален а не очекуван квалитет“ – вели универзитетскиот професор Леонид Наков.

Според годишниот извештај од Регистерот на вработените во јавниот сектор, во 2016 година, во земјава имало 1 291 институциии во кои работен однос имаат засновано 129.653 лица. Кавлитетот и бројноста на администрацијата заедно со “партизација“ редовно беа нотирани во извештаите на Европска Унија, а сега се поставени и како приоритет за реформи.

Од каде да се почне со реформите?

Реформите во аминистрацијата се неминовни, патот води од зајакнување на капацитетот на институциите до персонално подгигнување на стандардите на вработените во јавниот сектор, велат експертите.

“Потребно е развивање на Акциски планови за целосно определување на стандардите за административен и карактерен квалитет кои е неопходно да ги поседува секој административен службеник во Република Македонија,  со цел отпочнување на процесот за нивна целосна професионализација, категоризирана според приоритетните области за промени сообразно поглавјата за полноправно членство во ЕУ, при што за подготвувањето на овие планови сметам дека е сосема доволен временски период не подолг од 1 година. Потоа изградба на Модел на административна одржливост, кој се потпира на избегнување на нивната целосна финансиска и експертска зависност од страна на националните институции, низ воведување на нови или подобрени административни услуги, кои се очекува да бидат од повисок квалитет и да содржат повисока додадена вредност за нивните корисници, со што внатрешниот административен капацитет на македонските институции ќе расте“ – вели професорот Наков и додава:

“Во таа насока потребно е креирање на јавна свест за потребата од зголемување на независноста на македонските национални и локални институции, со цел исполнување на следниве професионални критериуми: одговорно и отчетно однесување, заедничко креирање на профилот на административните услуги со нивните корисници,  избегнување на вршење на една иста услуга во поголем број на институции, наспроти постоење на редица административни услуги кои нецелосно се извршуваат“.  

Според последните достапни информации од Регистерот на вработените во јавниот сектор, просечната возраст на овие вработени изнесува 45,43 години. Од сите вработени, 485 се без образование, 270 се полуквалификувани, 412 се квалификувани, 9.236 се со основно образование, 36.310 се со средно образование, 4.883 се висококвалификувани, 6.515 се со вишо образование, 48.322 се со високо образование, 2.107 се магистри, а 1.771 се доктори на науки. Новиот министер за администрација и информатично општество, како една од промените, го најави флексибилното работно време за дел од државните институции. 

Д.А.

Слично

Поврзани вести