Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Реформаторот“ Михајлоски: Никој не може да му противречи на Груевски во ВМРО ДПМНЕ

„Реформаторот“ Михајлоски: Никој не може да му противречи на Груевски во ВМРО ДПМНЕ

Eден од иницијаторите за реформи во ВМРО ДПМНЕ Александар Михајлоски беше гостин во Дневникот на ТВ 24.

Тој вели дека новото седиште на партијата е малер за членовите бидејќи биле емотивно врзани со старата жолта зграда образложувајќи дека „тоа не е вистинска слика за вмровците“.

Во интервјуто за ТВ 24 Михајлоски посочува дека крвавиот чтврток не смееше да и се случи на Македонија.

Во однос на реформите за кои се залага групата реформатори, тој вели дека во партијата се одбиваат промени и дека никој не може да му се спротивстави на лидерот Груевски при носењето одлуки за кои строго одлучувал лидерот и советниците.

Вели партијата била водена на централизиран начин и била строго контролирана секоја една информација со цел да се остави впечаток во јавноста дека партијата е монолитна и дека партијата се што ќе каже го кажувала преку десет личности и со претходно подготвени тези.

Михајлоски посочува дека тие имаат поддршка од 90% од членството.

Целото интервју може да го погледнете подолу.


Слично

Поврзани вести