Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реформаторите задоволни затоа што ќе се менува и дополнува Статутот на ВМРО-ДПМНЕ

Реформаторите задоволни затоа што ќе се менува и дополнува Статутот на ВМРО-ДПМНЕ

Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ е формиран со цел демократизација, модернизација и европеизација на нашата партија, велат од иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

„Во таа насока во целост го поддржуваме процесот на изменување и дополнување на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ во насока на негова демократизација. Сигурни сме дека тој процес ќе ѝ даде дополнителна вредност на ВМРО-ДПМНЕ. Од страна на Републичкиот штаб формирана е работна група, во состав Петар Богојески, Илија Илијовски, Драган Лазаров и Александар Стојчевски, кои ќе ги презентираат нашите аргументи и предлози во таа насока. Во процесот ќе се направи детаљна анализа на статути и други слични акти на сестрински партии, членки на Европската народна партија, за што поголемо приближување до европските стандарди“- се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно информираа дека во согласност со заложбите на новиот претседател на партијата, Христијан Мицкоски, статутарната комисија почнува постапка за измена и дополнување на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести