Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ преку Декларација бараат демократизација

Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ преку Декларација бараат демократизација

Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика сите членови и симпатизери на партијата да ја поддржат Декларацијата за реформи и демократизација.

Илија Илиоски од Внатрепартиската иницијатива за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција рече дека Декларацијата почива на принципите за рамноправност, слобода на говор и мисла, непосреден избор, тајност во одлучувањето, неспоивост на функции, индивидуална одговорност, личен интегритет, квалитет и внатрепартиска солидарност.

„Сметаме дека овие се принципите кон кои треба да тежнееме во целост и да ги оствариме во рамки на делувањето на нашата партија. Сега е моментот да се обединеме, да и помогнеме на ВМРО-ДПМНЕ, да го вратиме победничкиот дух, правото на членовите непосредно да ги донесуваат одлуките, да го реформираме работењето и делувањето за да однесеме убедлива победа на следните избори“- вели Илиоски.

Илиоски објасни дека воопшто не размислуваат да делуваат надвор од партијата или за какви било фракции и паралелни листи на претстојните избори за градоначалници. Секој чекор ќе биде во рамки на ВМРО-ДПМНЕ и покрај спротивставените размислувања и ставови на останатиот дел од членството.

Додава дека над 50% од членството на партијата смета дека треба да има реформи. 

Декларацијата за реформи и демократизација на 29 јули годинава била доставена до Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но РШ досега нема добиено никаков одговор. Како што рече Илиоски, и Центарот за комуникации на партијата не одговара на нивните предлози, сугестии и барања, вклучувајќи ја и денешната покана на лидерот, Никола Груевски да присуствува на прес-конференцијата.

Слично

Поврзани вести