Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реформаторите во теренски „поход“ за демократски промени во ВМРО-ДПМНЕ

Реформаторите во теренски „поход“ за демократски промени во ВМРО-ДПМНЕ

Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ги започне теренските активности со кои на членството директно ќе му ги претстави новите идеи за неопходните промени во партијата и нејзина поголема демократизација преку промена на Статусот. 

Илија Илијоски објасни дека статутарните измени водат кон демократизација и деизолација на партијата и најпрво мора во целост да ги редефинираат надлежностите и начинот на избор на постоечките органи во партијата.

– Статутарните измени треба да воспостават нови органи во партијата на општинско ниво, преку кои партијата ќе се децентрализира и ќе се зајакне учеството на поширокото членство во одлучувањето, особено при кадровската политика. Измените на Статутот треба да ја вратат вистинската улога на Центарлниот комитет на партијата. Тој орган е гласот на членството, рече Илијоски.

Тој побара конституирање на нов орган, Собрание на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Овој орган би бил составен од непосредно избрани претседатели на месни комитети од страна на членови на партијата како претставници на стручните комисии на општинските комитети.

Петар Богојески, еден од членовите на иницијативата истакна дека кампањата ќе биде со цел подигнување на свеста за потреба од суштински реформи во ВМРО-ДПМНЕ и ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат и да дадат свој придонес за отворање и демократизација на партијата.

– Кампањата ќе се одвива почнувајќи од месните штабови преку општинските до регионалните вклучувајќи претседатели на општинските комитети, претставници на патриотски здруженија и тим на невладини организации. Срдечно се заблагодарувам на огромниот број членови и симпатизери кои секојдневно изразуваат и даваат поддршка на оваа иницијатива за спас на партијата. Членови и симпатизери потполно свесни за политичката изолација во која западна партијата – рече Богојески.

Тој упати апел до раководството на партијата да се приклучи на иницијативата со цел што поскоро да се случат реформите и демократските промени во ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести