Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реформаторите со правен тим ќе им помогнат на членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои трпат мобинг

Реформаторите со правен тим ќе им помогнат на членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои трпат мобинг

Од Внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ формираа тим од правни советници со цел да обезбедат првични правни насоки и консултации за сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кои поради своите политички убедувања или дејствувања се наоѓаат или ќе се најдат под притисок (мобинг, отпуштање од работа и сл.) од новите локални власти низ општините во Р. Македонија. 

„Сметаме дека на сите наши сопартијци и поддржувачи во овој момент потребно е да им се пружи почетна насока и консултација од правен аспект, со цел понатамошно остварување на нивните права во соодветни постапки пред надлежните судски или управни органи во Република Македонија“- велат реформаторите. 

За таа цел, ги известуваат сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, дека секоја недела во периодот од 12 часот до 15 часот во просториите на Клубот на новинари ќе можат да се состанат со правниот тим на Внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, и, доколку има основаност во наводите, да добијат соодветна првична правна помош, насока или консултација, без надомест.

Слично

Поврзани вести