Реформаторите се сретнаа со Гојко Јаковлевски, основачот на ВМРО-ДПМНЕ
Групата на „реформатори“ кои бараат суштински промени денеска се сретнаа со Гојко Јаковлевски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ како и жесток критичар на актуелното раководство на партијата.

„Не може да се пишува за Гојко Јаковлевски а истовремено да не се говори за Македонија и за Македонците. Македонија е негов живот, ја сака повеќе од се. Таа неизмерна љубов кон неа и повеќедецениската борба за нејзино обединување ќе му донесат многу непријатности. Но, и покрај се, ќе остане верен на илинденските идеали, својата распарчена татковина да ја види слободна, обединета и демократска“ е цитатот од книгата МАКЕДОНИЈА - МОЈОТ ЖИВОТ од Киро Кипроски со кој Александар Михајловски го поздрави Јаковлевски.
На средбата „реформаторите“ го запознаа Јаковлевски со нивните активности, а тој им даде свои идеи и размислувања, како и книга со посвета.
