Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Реформаторите“ разочарани од Груевски и изборот на нов ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„Реформаторите“ разочарани од Груевски и изборот на нов ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Изборот на новите членови Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ не помина со некои поголеми изненадувања, но според „Реформаторите“ ништо суштинско не е променето во правецот во кој се движи партијата, ниту пак е искористена шансата за вистинска демократизација со прифаќање на нивните предлози.

- Никола Груевски имаше историска шанса на Централниот комитет да ја стави на разгледување и на одобрување Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО ДПМНЕ, како вовед во еден процес за структурални промени, на кој начин партијата ќе ја покажеше својата посветеност кон ЕУ и НАТО интеграциите и ќе можеше многу посилна, обединета и реформирана да влезе во изборите, но наместо тоа, одлучи да робува на минатото и на застарените политики, кои партијата ја однесоа во опозиција.

"Освежувањето" на партијата со одредени исклучоци е големо разочарување не само за вмровците, туку и за цела јавност во Република Македонија.

Ние од иницијативата до распишување на локалните избори ќе продолжиме со нашите активности, уште поуверени дека сме на вистинскиот пат.

Искрено се надеваме дека и другите од раководството кои имаат судски постапки и кои веруваат дека се неосновани ќе го следат примерот на Сашо Мијалков и ќе дозволат партијата во следните избори да влезе неоптоварени со судските постапки, кои се големо бреме за партијата, пишува Александар Михајловски од групата на Реформатори во ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести