„Реформаторите“ на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат теренска кампања со цел подигање на свеста за реформи во партијата
Теренска кампања ширум државата најавија „Реформаторите“ на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат цента е со кампањата да се подигне свеста за потреба од суштински реформи во ВМРО-ДПМНЕ.
“Срдечно се заблагодарувам на огромниот број членови и симпатизери кои секојдневно изразуваат и даваат поддршка на оваа иницијатива за спас на партијата. Членови и симпатизери потполно свесни за политичката изолација во која западна партијата“, изјави Богојески.
Тој му прати порака на целото раководство на ВМРО ДПМНЕ повикувајќи го да се приклучи на иницијативата со цел што поскоро да се случат реформите и демократските промени во ВМРО-ДПМНЕ.
Слично
