Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реформаторите и ФРОДЕМ се обединија

Реформаторите и ФРОДЕМ се обединија

Се обединија Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) на Јове Кекеновски и Иницијативата за реформи на ВМРО-ДПМНЕ. 

Tие денеска на заедничка прес-конференција ги повикаа останатите десничарски асоцијации, партии и движења да им се приклучат за да ја извлечат партијата, како што велат, од кризата во која се наоѓа.

„Денеска овде ние правиме историја. Се обединуваме за да се направи подобра иднина за нашето општество“ - рекоа тие. 

ФРОДЕМ и „реформаторите“ кажаа дека е формирано заедничко тело чиј претседател е Љупчо Алексовски. 

Тој рече дека стојат зад барањата на „реформаторите“, а тоа се нов статус, избор на демократски лидер и органи на партијата. Во однос на вонредниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, што треба да се случи на 23 декември, рекоа дека на 17 декември ќе ја информираат јавноста како ќе делуваат.

Слично

Поврзани вести