Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реформатори од ВМРО ДПМНЕ бараат партијата да се врати во рацете на членовите

Реформатори од ВМРО ДПМНЕ бараат партијата да се врати во рацете на членовите

Членството на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски денеска беа повикани да се приклучат на иницијативата за внатрешна демократизација на партијата.

Александар Михајлоскки кој е еден од иницијаторите на иницијативата истакна дека ова не е внатрешна борба за власт, туку за демократизација и враќање на силата на партијата кај обичното членство.

Ова е почеток на внатрепартиската иницијатива во ВМРО-ДПМНЕ со цел да се разбуди свеста за реформи на сите нивоа и да се врати партијата на членовите. Зад иницијатива стојат над илјадници членови на ВМРО-ДПМНЕ. Републичкиот штаб за внатрешна демократизација на ВМРО-ДППМНЕ бара прв чекор да биде измена на Статутот. Решението на состојбите се наоѓа во партијата, и единствениот пат за враќање на власт е демократизацијата на ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е обид за разнебитување на партијата , туку таа да се врати кај членовите. ВМРО-ДПМНЕ мора да стане најсилна партија и да се врати на власт“, рече Михајлоскки .

Тој посочи дека мора да се смени начиниот на кој функционира ВМРО-ДПМНЕ.

„Мора да се смени статутот. Решението на состојбите се наоѓа во партијата, и единствениот пат за враќање на власт е демократизацијата на ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е обид за разнебитување на партијата , туку таа да се врати кај членовите. ВМРО-ДПМНЕ мора да стане најсилна партија и да се врати на власт“, вели Михајлоскки кој го повика и Груевски да ја прифати иницијативата со која се бара и да се смени ситуација во која моќта во партијата се централизира на едно место.

Слично

Поврзани вести