Економија, финансии, бизнис

Контакт

Референдумската иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ поднесена без уставното име

Референдумската иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ поднесена без уставното име

Проблем во поднесената референдумска иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието може да претставува некористењето на уставното име, објави ТВ Сител во вестите.

Телевизијата пренесува дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, најрано во во вторник ќе може да ја прими иницијативата Џафери во својата агенда имал предвидено патување во странство пред иницијативата и прв работен ден ќе му биде вторник.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за започнување процедура за утврдување на уредноста на иницијативата за собирање на граѓански потписи за почеток на Референдумот. Пратениците од СДСМ, пак, оценуваат дека во време на криза ова се излишни инцијативи и ретроградни процеси кои ја враќаат државата во изолациски времиња, но сепак посочуваат дека организирање референдум е демократско право.


Слично

Поврзани вести