Референдумот за името ќе биде задолжителен
Според претставник на грчките власти договорот меѓу Грција и Македонија за спорот за името, најверојатно нема да се склучи во наредните денови, јави Ројтерс.
Претходно грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас изјави дека тој и неговиот македонски колега, Никола Димитров ги завршиле преговорите за името и дека сега е ред на премиерите на двете земји Алексис Ципрас и Зоран Заев да ги преземат преговорите за конечен договор. Од нив се очекуваше да разговараат за ова прашање во петокот по време на телефонски разговор но засега нема новости дека се одржал било каков разговор меѓу двајцата премиери.
„Шансите за договор во наредните денови стануваат слаби“, соопштил претставникот на грчката влада, додавајќи дека властите во Скопје „не се подготвени да реагираат“ на она за што двата министри се договориле.
Разговорот меѓу двајцата премиери, според изворот „исто така се оддалечува„. Претходно грчкиот владин портпарол Димитрис Цанакополус изјавил дека сеуште има правни и политички прашања за решавање.
Ако има референдум тој ќе биде задолжителен
Говорејќи за спорот со името, на вчерашните собраниски седници премиерот потенцираше дека не е потребно да се оди на референдум, пред да се ратификува евентуален договор со Грција.
„Се знае што е значи ратификација што референдумот, а граѓаните се оние кои ќе одлучат дали договорот е прифатлив. Референдумот ќе биде задолжителен“, кажа премиерот Заев.
-Вистинските патриоти денеска се тие што им обезбедуваат иднина на граѓаните на Македонија по решавање на спорот за името. Македонија станува членка на НАТО. Решаваме 25-годишен спор, кој земјата ја влечеше надолу-истакна првиот човек на Владата по повод една година влада Заев.
