Економија, финансии, бизнис

Контакт

Референдумот и ДИК открија изумрени македонски села каде што нема да има гласање

Референдумот и ДИК открија изумрени македонски села каде што нема да има гласање

Државната изборна комисија при организацијата на референдумот на 30 септември откри дека во 81 македонско село нема да се гласа затоа што истите се изумрени и напуштени, односно таму нема доволен број на регистрирани гласачи.

Во истите живеат под 10 жители што, пак,  е законскиот минимум за да се организира гласање, така што тие ќе мора да одат да се изјаснат во други гласачи единици ако сакаат да го остварат своето право.

Во Прилеп дури во 13 села живеат под 8 жители. Веднаш зад него е Македонски Брод со 8 иселени села, од кои две имаат само по еден жител. Следат Пробиштип и Демир Хисар со по 6 места во кои има само по неколку жители, додека во Кичево и Маврово има по пет вакви места. Чашка има четири такви села, од кои во едно повеќе не живее никој. Сите се иселени и од едно село во Петровец, каде има уште две места со минимален број на жители.Следат Кратово, Штип, Дебарца  и Конче, со по три речиси иселени села, а по едно до две има и во Кочани, Гевгелија, Велес, Сопиште, Неготино, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Крушево и Радовиш.  

Општинските изборни комисии ќе треба да ги известат гласачите, каде можат да гласаат. Од Државната изборна комисија велат дека овој проблем со секои избори станува се поголем.


Слично

Поврзани вести