Економија, финансии, бизнис

Контакт

Референдум во Валандово за рудниците ќе има, се чека на датумот

Референдум во Валандово за рудниците ќе има, се чека на датумот

Валандовчани по бројните акции кои ги преземаа конечно ги убедија локалните власти да распишат референдум на кој ќе се изјаснат дали се за или против рудникот Казандол како и за отворање на нови рудници на нивна територија. Сега се зависи од градоначалникот Николче Чурлиновски кој треба одлуката да ја потпише и објави во службениот гласник на општината. 

Како можни датуми за одржување на референдумот во општина Валандово се наведуваат 6-ти и 13-ти август. 

Одлуката ја донесоа советниците кои бараа седница а претседателката Јасмина Сечкова одби да закаже. Со осум гласа за валандовчани ќе се изјаснуваат одделно и за Казандол и за отварање нови рудници во нивната општина .

На седницата што ја закажаа една третина од членовите на Советот не присуствуваа советниците од ВМРО ДПМНЕ. Донесоа одука и за обезбедување на милион и 200 илјади денари  од буџетот на Валандово за одржување на референдумот. За претседателката Јасмина Сечкова денешната одлука е нелегитимна.

За активистите Спас на Валандово денешната вонредна седница е успех за локалното население чииј глас е неопходен кога станува збор дали да има или не рудници кај што живеат

Валандово цели два месеци се обидува да донесе одлука за рефрендум. Советот прво не донесе одлука и побара да се собираат потписи. Откако беа собрани претседателката Сечкова не сакаше да свика седница за референдум со што не се сложија мнозинството советници кои сепак донесоа одлука за референдумско изјаснување.

Извор:

ТВ 24

Слично

Поврзани вести