РЕФЕРЕНДУМ ЌЕ ИМА И БЕЗ ОПОЗИЦИЈА: Одлука до 30 јули, а референдум до 30 септември!
Премиерот Зора Заев порача дека ако изостане договор, референдумот за договорот меѓу Скопје и Атина, за новото име и промена на Устав, ќе биде организиран без највлијателната опозициска ВМРО ДПМНЕ.
Заев искажа убедување дека парламентот до 30 јули ќе одлучи за распишување на референдум.
Премиерот смета дека претставници на опозициката мора да кажат кој е нивниот став во поглед на референдумот и дали граѓаните ќе ги повикаат на бојкот или ќе ги повикаат да излезат и да се изјасна според свое убедување.
-Тоа е нивно право, но е должност на сите да се обезбеди дека тој процес ќе биде успешен- рече Заев.
Нови состаноци со лидерите, смета дека не с епотребни, а на Мицкоски, како што рече, неговите врати секогаш му се отворени, а може и да разговараат по телефон.
„Немам проблем со тоа, само да најдеме решение, бидејќи се ближи рокот до кој таа одлука мора да се донесе- кажа Заев.
Рече дека референдумското прашање мора да биде искрено, едноставно и чесно.
