Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕФЕРЕНДУМ: Каков ГТЦ ќе изберат центарци?

РЕФЕРЕНДУМ: Каков ГТЦ ќе изберат центарци?
Сегашниот објект на ГТЦ е изграден според идејното решение на професорот Живко Поповски, кој на конкурсот во 1967 година ја добил наградата за проектот, а ГТЦ е изграден во 1971 година, од средствата за солидарност по земјотресот на Скопје. На референдум на крајот на април жителите на Центар ќе одлучат дали сакаат ГТЦ да го задржи сегашниот изглед или пак, ќе треба да се вклопи во остатокот од барокни и неколасицистички зданија во самиот центар. faktorgtc Повеќе години траеја битките на архитектите и граѓаните да го задржат актуелниот лик на ГТЦ, при што се организираа и повеќе акции. „Го сакам ГТЦ“, беше акција во која граѓаните се собираа за симболично да го прегрнат последниот дел од градскиот центар што се уште не подлегна на новите решенија на министерството за култура, Центар, и градот Скопје во создавањето на новиот лик. Досегашните анкети покажуваа и дека најголем дел од граѓаните би сакале да се задржи сегаѓниот лик на ГТЦ, но дека би било добро трговскиот центар да се реконструира и обнови. GTC 001  
Слично

Поврзани вести