Реџепи: Верниците во своите домови да го клањаат пладневниот намаз
Исламската верска заедница (ИВЗ) соопшти дека ќе ги прекине молитвите со верниците кои се спроведуваат во џамија.
„Нема да се клања Џума Намазот во џамиите и затоа верниците се должни наместо Џума Намазот, во своите домови да го клањаат пладневниот намаз“ – изјави поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.
Вицепремиерот Бујар Османи побара одлуката на ИВЗ да ја следат и останатите верски заедници.
Власта презема низа мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
За оние кои не ги почитуваат мерките ќе има казни.
Слично
