Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реџепи вели дека албанските општини самите можат да си го бараат патот кон ЕУ

Реџепи вели дека албанските општини самите можат да си го бараат патот кон ЕУ

На седницата во Собранието денеска независниот пратеник Скендер Реџепи предупреди дека во иднина албански општини можат да си го бараат патот кон ЕУ доколку Македонија не продолжи на европскиот пат.

Реџепи рече дека Албанците во Македонија не треба да бидат заложници на неколку лица на патот кон ЕУ.

„Албанците не го оспоруваат идентитетот и јазикот на македонскиот народ, но може во блиска иднина да се случат и други барања, каде што албански општини можат да го бараат патот кон ЕУ. Треба да имаме одговорност во Собранието“, рече Реџепи.

Тој додаде дека историските проблеми помеѓу Македонците и Бугарите ќе останат и понатаму и не можеме да ги решаваме со пратеници туку со историчари.

Од Левица велат дека во Македонија има само македонски општини. 

„Антидржавната матрица на пратениците од албанското малцинство најјасно демонстрирана на собраниската говорница. Повици за создавање кризи и отцепување на ‘албанските општини’ на патот кон ЕУ ако албанскиот јазик не влезел во Уставот и немало уставни промени“, вели пратеникот Борислав Крмов од Левицата.

Тој рече дека држава што не може да издржи вакви смешни закани не заслужува да биде држава. 

Слично

Поврзани вести