Редовниот „чувар“ на државата што го влечеше Села го бранел и Уставен
Според анализа на снимките од нападите во Собранието на Република Македонија најмногу загриженост предизвика претепувањето на Зијадин Села и неговото влечење низ ходници.
Токму едно од лицата кои се инволвирани во овој грозоморен напад е забележано претходно и на протестите за одбрана на Уставниот суд и е меѓу демонстрантите кои често се среќаваат на вакви слични протести за одбрана на Македонија.
Тој за ЦИВИЛ Медиа, на 15 март 2016 година, кога како еден од интервјуираните, изјави дека ќе ја брани Македонија од предавниците.
„И треба да дојде до конфликт, и еднаш да се решиме. Или ќе не биде – Македонци, или нема да не биде! Кога се работи за Македонија, треба да излеземе сите“, рече тогаш осомничениот напаѓач.
Слично
