Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕДОТ ЗА ЛИЧНИ КАРТИ И ПАСОШИ ВО НЕДОГЛЕД: Страшни турканици пред МВР, профункционира системот за документи

РЕДОТ ЗА ЛИЧНИ КАРТИ И ПАСОШИ ВО НЕДОГЛЕД: Страшни турканици пред МВР, профункционира системот за документи

Во моментов пред просториите на МВР, кај Македонска Телевизија има страшни гужви и турканици од огромен број граѓани кои се обидуваат да извадат лични документи, откако по неколку дена повторно профункционира системот за прием и издавање на лични карти, пасоши и возачки дозволи.

Лидер.мк објави фотографии на кои може да се забележи дека редот од граѓани е  надвор по скалите. Порталот наведува дека на голем број луѓе им се поместени термините, а други преку ред се обидуваат да добијат термин бидејќи и закажувањето преку телефон оди со тешкотии и речиси е невозможно да се добие слободна линија на бројот за закажување.

Фотографии објави и претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.

Инаку, причината за прекинот беше техничка односно миграција во нов систем заради прилагодување со што по 1 јули на пасошите ќе биде напишано новото име на државата Северна Македонија. 



Слично

Поврзани вести