РЕДИЦИ ВОЗИЛА ЧЕКААТ ДА СИ ДОЈДАТ ДОМА: Поголема колона возила кај Гостивар но и на Евзони
Крајот на продолжениот празничен викенд донесе зголемена фреквенција на возила не само на граничните премини, туку и на патиштата низ Македонија.
Екипа на faktor.mk забележа поголем застој на патниот правец Гостивар – Скопје, каде се создаваат колони од возила, особено во делот кај Гостивар.
Возачите кои се враќаат од празничните дестинации се соочуваат со забавено движење и подолго време на патување.
Слична состојба се очекува и на други фреквентни патни правци низ државата, па надлежните апелираат на трпение и внимателно возење.
Празничните денови традиционално носат зголемен сообраќај, а гужвите најчесто кулминираат токму во деновите на враќање.
Слично е и за влез во Македонија од Грција. Се чека дури и до еден час за влез во земјава.
Фото: Фактор
