Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Речиси сите општини каде живеат Роми ќе добијат директен партнер“: Демократските сили на Ромите за коалицијата „Твоја Македонија“

„Речиси сите општини каде живеат Роми ќе добијат директен партнер“: Демократските сили на Ромите за коалицијата „Твоја Македонија“

Демократските сили на Ромите (ДСР) ја известуваат јавноста дека вчера, на свечена церемонија во Скопје, претседателот д-р Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација за Македонија на граѓаните и за општини што создаваат иднина“. Со овој чин, ДСР и официјално станува дел од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, господинот проф. д-р Христијан Мицкоски.

Коалицијата цврсто обединува 25 партии кои ја рефлектираат мултикултурната и мултиетничка структура на нашето општество. ДСР влегуваат во ова здружување со силна заложба да го засилат политичкиот глас на ромската заедница и да обезбедат рамноправен пристап до јавните ресурси во сите општини, а особено во Шуто Оризари – единствената ромска општина во светот.

„За нас ова е историска можност: речиси сите општини каде живеат Роми ќе добијат директен партнер и во локалната и во централната власт и јасен пат кон одржлив развој“, изјави д-р Шабан Салиу, претседател на ДСР и кандидат за градоначалник на Шуто Оризари. „Само преку солидарност и обединување ќе ги реализираме проектите што ќе донесат подобра инфраструктура, нови училишта, унапредени здравствени услуги и работни места за нашите семејства.“

Со потпишувањето на Декларацијата, коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува на инвестиции во клучни сектори: обновување на улици и водоводна мрежа, изградба на социјални станови, поддршка за локалните претприемачи и зелени технологии. ДСР ќе ја следи секоја фаза од имплементацијата, користејќи интерактивни платформи и јавни извештаи, за да се обезбеди максимална транспарентност и отчетност пред граѓаните.

Во претстојните недели, Демократските сили на Ромите ќе организираат јавни трибини низ Шуто Оризари и другите општини, каде што ќе презентираат конкретни планови и ќе ги слушнат приоритетите на локалните заедници. Членовите и симпатизерите на ДСР веќе се активно вклучени и придонесуваат со свои идеи, а претседателот и кандидат за градоначалник на Шуто Оризари, д-р Шабан Салиу ги повикува и сите жители на општината без разлика на партиската припадност да се приклучат во заедничкото дефинирање на проектите што ќе ги менуваат животните услови во нашите населби.

ДСР и коалицијата „Твоја Македонија“ даваат взаемна поддршка за кандидатите за градоначалници, вклучувајќи го и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, г-дин Орце Ѓорѓиевски. Демократските сили на Ромите остануваат посветени на начелата на инклузија, еднаквост и непрекинат дијалог со граѓаните.


Слично

Поврзани вести