Економија, финансии, бизнис

Контакт

Речиси преполовен бројот на одобренија за градба во октомври

Речиси преполовен бројот на одобренија за градба во октомври
За 43% е намален е бројот на одобренија за градба во октомври годинава споредено со лани минатата година. Како што соопшти Државниот завод за статистика во октомври се издадени 147 одобренија за градба. Притоа вредност на објектите за кои се дадени дозволи изнесува 2.552.689.000 денари или за околу 19% помалку во однос на октомври минатата година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење 100 објекти или 68 проценти се наменети за објекти од високоградба, 25 објекти се нискоградба, а 22 (15 проценти) како објекти за санација. Притоа во 70 проценти од случаите инвеститори се физички лица, а 44 објекти ги прават правни лица. Оттука според податоците на ДЗС, предвидена е изградба на 347 станови. Инаку во третиот квартал трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, пораснале за скромни 1,8 проценти споредено со овој период лани, додека пак трошоците за вработени се се повисоки за 19,4%.
Слично

Поврзани вести