Економија, финансии, бизнис

Контакт

Речиси половина милион евра уплатени во општина Центар од хрватска фирма во стечај

Речиси половина милион евра уплатени во општина Центар од хрватска фирма во стечај

Владимир Тодоровиќ поранешниот градоначалникот на општина Центар и  уште две лица  осомничени за злоупотреби при изградба на мостот „Око“, ја надоместиле штетата која и била нанесена на општина Центар.

Вратените 443. 000 евра се од хрватскат фирма Конструктор инженеринг,која е под стечај, а од општината потврдиле дека првата трансакција била направена пред недела дена.


Арафат Муареми,  директор на финансиска полиција претходно потврди дека се поднесени кривични пријави до ОЈО, но и дека лицата биле спремни да ја надоместат сумата во целост за што добиле потврдија од општината за извршена трансакција  на 30. 06. 2018 година.

Слично

Поврзани вести