Економија, финансии, бизнис

Контакт

Речиси еден милион патници поминале лани низ „Александар Велики“

Речиси еден милион патници поминале лани низ „Александар Велики“
Вкупно 984.407 патници поминале низ скопскиот аеродром „Александар Велики“ минатата година, што е зголемување за 20% во однос на 2012-та, покажуваат податоците на ТАВ Македонија.
„Од 2010 година бројот на патници е зголемен за 44 проценти. Во последните три години бележиме просечен раст од 10 проценти, а највисокиот просечен раст во Европа е пет отсто“, истакна Алпер Тунгај Ерсој, заменик директор на ТАВ Македонија.
Истанбул, Виена, Цирих, Лондон и Малме - ова се петте дестинации каде што во минатата година најмногу патувале македонските граѓани од скопскиот аеродром. Најголемиот број од граѓаните се превезуваат со „Визер“, потоа следуваат „Туркиш ерлајнс“, „Аустриан ерлајнс“ и „Пегасуз“. За оваа година ТАВ најавува нови директни летови од Скопје до Париз, до Келн, Франкфурт, Брисел и Рим.
Слично

Поврзани вести