Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ребаланс на буџетот е неопходен, процедурата започнува во петок

Ребаланс на буџетот е неопходен, процедурата започнува во петок

Владата предводена од Зоран Заев во петок ќе ја започне процедурата за ребаланс на буџетот кој е неопходен. Според информации од Владата ребалансот е веќе подготвен, а истото го најави и премиерот Заев на средба со бизнисмените.

Тој очекува дека ребалансот ќе биде донесен пред 2 август, бидејќи како што рече, потребно е да се задоволи процедурата. 

Не соопшти детали околу новата државна каса, но најави дека капиталните инвестиции ќе имаат приоритет пред непотребните трошења.

Тоа го најави и министерот за финансии на средбата со бизнисмените.


Слично

Поврзани вести