РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ: Расходите се кратат за 5%?
Владата подготвува ребаланс на Буџетот - се прават финалните пресметки колку и каде ќе се крати. Според информациите на Алсат - М, веќе е решено буџетот да се намали за пет отсто или расходите на Владата да се намалат за 143 милиони евра.
Официјализирањето на измените во државната каса се очекува денеска или во следните неколку дена да поминат на владина седница.
Прекројувањето на буџетот се покажува неизбежно со оглед на тоа што само во првите шест месеци од годинава, од јануари – до јуни, владата потроши дури 80 отсто од планираниот буџетски дефицит или 240 милиони евра од планираните 297 милиони за цела година. Уште повеќе, преку даноци, за овие шест месеци се собрале 1 милијарда и 114 милиони евра или седум отсто помалку од планираното.
Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека потрошениот буџетски дефицит е резултат на сезонски фактори, односно исплаќањето на субвенции и капитални расходи за инфраструктурни проекти како автопатиштата, а другите расходи се во рамки на планираните вредности.
Слично
