„РЕАЛНО, МАКЕДОНЦИТЕ СЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА“: Реакции за изјавата на Меџити дека косовски жители ќе се лечат по исти цени со државјаните на Македонија
Откако министерот за здравство, Фатмир Меџити изјави дека жителите на Косово ќе плаќаат исти цени како и македонските државјани, Фејсбук се преполни со реакции.
„Косовските граѓани плаќаа двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното. Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион“, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.
Слично
