РЕАЛНА МОЖНОСТ ИЛИ ПРАЗНО ВЕТУВАЊЕ: Може ли Македонија да понуди бесплатно лекување?
Од 1 јануари 2019та година во Македонија ќе бидат бесплатни болничките третмани за сите граѓани. Ова го најави премиерот Зоран Заев.
„Истовремено, целта ни е во здравството од 1 јануари 2019-та да воведеме бесплатни болнички третмани за сите граѓани.
Досега имавме капацитет тоа да го направиме само за деца приматели на социјална помош“, кажа Заев.
Убеден сум дека од јануари покрај бесплатното болничко лекување и платите на лекарите ќе растат на 100 илјади денари-рече премиерот од собраниската говорница.
„Верувам дека ќе има доволно капацитет во буџетот во почетокот на февруари, кога лекарите ќе добијат јануарска плата. Ако успееме до 2020 година да обезбедиме уште подобра работа на буџетот, лекарите специјалисти би можеле да сметаат на 100 000 денари месечен приход“, потенцираше премиерот.
Колку овие ветувања се остварливи и дали Македонија има можност тоа да го обезбеди останува да покаже времето.
