РЕАКЦИЈА ОД КАБИНЕТОТ НА ИВАНОВ: Ги отфрламе искажаните лаги за вмешување на Синиша Алексоски
Давање на лажен исказ е кривично дело, велат од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов.
„И по не знаеме кој пат, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија ги отфрла искажаните лаги, измислени настани и непостоечка комуникација за вмешување на советникот Синиша Алексоски во случајот од 27ми април“, додаваат оттаму.
Обвинет за 27 април во суд раскажа дека се следело СЈО, се планирал напад и на ДИК, советик на Иванов рекол дека ќе има апсење. Тој кажал дека шефот на државата ќе прогласи воена состојба, но тоа не се случи, напротив Иванов повика на помирување.
Слично
