Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕАКЦИЈА ОД ФАЛАНГА ХЕРОНЕА: На денешната прес конференција на Град Скопје беа искажани невистини

РЕАКЦИЈА ОД ФАЛАНГА ХЕРОНЕА: На денешната прес конференција на Град Скопје беа искажани невистини

На денешната прес конференција на Град Скопје беа искажани невистини, реагираат од ДПТУ ФАЛАНГА ХЕРОНЕА ДООЕЛ. 

Наведуваат дека во 2016 година заради изградба на Панорамското тркало, движењето на градежната механизација, бучава, прашина, им било оневозможено да ја вршат нивната основна дејност. 

„Веднаш побаравме да прекинеме со работа и да не плаќаме закупнина до завршување на изградбата кога би можеле нормално да продолжиме со работа. Нашата компанија до овој момент нема добиено никакво решение дека треба да продолжиме со работа како што тврди градоначалникот дека се случило во 2018 година. Доколку сме добиле такво решение ние ќе сме го почитувале. Оваа денешна прес конференција ја сметаме за политички мотивирана постапка во функција на престојните избори“, стои во реакцијата. 

Додаваат дека ќе ги превземат сите правни мерки за заштита на интересите на компанијата.

Слично

Поврзани вести