Реакција на ММБ до Шилегов: Влези во холот, ќе го видиш Февруарскиот поход
Музејот на македонската борба реагираа на пресот на Петре Шилегов од СДСМ, кој обвини дека во него нема ништо за клучните датуми и ликови од македонската борба за државност и за самостојност.
- Воопшто не се спомнува 11 октомври, кој вчера го славевме како ден на народното востание и борбата против фашизмот. Ги нема првоборците од 1941, првите партизански одреди, клучните битки во НОБ, во кои партизаните и партизанките се изборија за македонската држава. Од музејот се избришани создавањето на македонска народноослободителна војска, Февруарскиот поход, првите органи на народната власт, изјави денеска Шилегов.
- Периодот од Народноослободителната војна е прикажан во посебни одделенија во кои се претставени фигурите на Кочо Рацин, Шарло Шаторов, Михајло Апостолски, Киро Глигоров, Илија Антевски Смок, Никола Парапунов, Мирка Гинова, Никола Вапцаров, Алекса Демниевски Бауман, Лазо Трповски, Веселинка Малинска, Емануел Чучков, Бане Андреев и Тихомир Милошоски, масовните сцени на формирањето на баталјонот Мирче Ацев, Ослободувањето на Скопје, портретите на Ченто, Панко Брашнаров и Владимир Полежиновски, реконструкција на сцена на одржувањето на АСНОМ итн.“, реагираат од ММБ.
Од Музејот му порачаа на Шилегов дека „ако влезел во холот ќе можел да ја види и масовната сцена со мотив од Февруарскиот поход кој Шилегов вели дека не се споменува, а нешто понатаму е и масовната сцена со објавувањето на Манифестот на Гавниот штаб на НОВ и ПОМ“.
