Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реакција на Јошевска Анастасовска: Јавното обвинителство ми врши притисок со писма, а пред Владата молчи

Реакција на Јошевска Анастасовска: Јавното обвинителство ми врши притисок со писма, а пред Владата молчи

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, позната по тоа што јавно и аргументирано го критикува начинот на кој Обвинителството го води случајот со пожарот во „Пулс“ во Коочани, се огласи откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски испрати писмото до Адвокатската комора на Македонија и до нејзиниот претседател Љубомир Михајловски.
Спооред Јошевска Анастасовска, ова е обид за притисок и бид да биде замлчена п нејзиниот јавен настап во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 на 8 октомври, кој од Обвинителството беше прогласен за „неетички“.
- Писмото на Јавното обвинителство до Адвокатската Комора го чувствувам како притисок и директен напад врз мојата слобода на говор и професионална независност.

Би сакала да го видам Јавното обвинителство со иста таква енергичност да реагира кога е отворено нападнато од извршната власт, бидејќи тоа е прашање на институционален интегритет, а не на лична суета.

Во мојот јавен настап, во најмалку пет наврати јасно ја појаснив мојата улога како бранител на точно именуван обвинет во постапката, а не како независен правен експерт.

“Lawyers must be able to raise issues concerning the administration of justice without fear of being penalised, provided their criticism remains professional and in good faith.” Nikula v. Finland, no. 31611/96, ECHR 2002-II.

Со оглед дека сме на почетокот на долга правна битка, преку ваквите реакции, ако денот по утрото се познава, можеме да очекуваме дека Обвинителството повеќе ќе се грижи за сопствениот имиџ отколку за правната суштина на обвинението, објави адвокатката која претходно ја критикуваше селективноста на Обвинителството во изборот на осомничените за трагедијата во Кочани


Слично

Поврзани вести