Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕАКЦИИ ВО БУГАРИЈА: Лекар од Македонија прегазил куче пред зграда во Софија

РЕАКЦИИ ВО БУГАРИЈА: Лекар од Македонија прегазил куче пред зграда во Софија

Бура реакции има во Бугарија откако македонски доктор прегазил куче пред зграда во Софија. 

Инцидентот се случил за викендот во населбата Расадника, а вознемирувачка видео снимка од безбедносните камери масовно се споделува на социјалните мрежи.

На снимката се гледа како автомобилот излегува од поздемен паркинг и го прегазува кучето кое лежи пред зграда, а потоа возачот застанува, излегува од возилото и откако гледа што направил, го напушта местото. 

Бугарските медиуми пишуваат дека се работи 29-годишен лекар од Македонија кој работел во Военомедицинската академија во Софија.

Во полиција тој негирал дека намерно го прегазил кучето. Обвинителстото отворило предистрага и го испитува случајот.  Бугарските медиуми пишуваат дека законот предвидува затвор и до осум години ако се утврди намера.

Слично

Поврзани вести