Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разузнавачите на Царина спречиле 45 лица да побегнат од изолација преку аеродромите во Скопје и Охрид

Разузнавачите на Царина спречиле 45 лица да побегнат од изолација преку аеродромите во Скопје и Охрид

Разузнавачи од Царинската управа спречиле 48 лица со решение за изолација да ја напуштат земјата преку скопскиот и охридскиот аеродором со помош на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и граничната полиција.
„Одделенито за разузнавање во склоп на Секторот за Контрола и истраги при Царинската управа во соработка со Царинските службеници од ЦИ Аеродром, ДСЗИ, Граничкната полиција и аеродромскиот оператор ТАВ, во периодот од мај 2021 до денес, има евидентирано и задржано 48 лица кои се обиделе да ја напуштат земјата преку Аеродром Скопје, а воедно се евидентирани на списокот на ДСЗИ како лица инфицирани со вирус Ковид 19 со активно решение за изолација“, соопшти Царина.

Оваа проверка на патници пријавени за авионски сообраќај се врши по одлука на Владата на и продолжува да се врши на двата аеродроми во Скопје и Охрид по пат на вкрстување на листите на патници со списокот на ДСЗИ на кои им е издадено решение за изолација поради инфекција со вирусот Ковид 19.
„За оваа цел се користи системот РАВИО кој автоматски ги селектира и идентификува овие лица. По идентификација на лицата, истите се предаваат на безбедносните служби на Аеродромите кои постапуваат понатаму според нивните овластувања“, додаваат од управата.


Слично

Поврзани вести