Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разрешувањето на Зврлевски в понеделник на дневен ред во Собрание

Разрешувањето на Зврлевски в понеделник на дневен ред во Собрание

Предлогот за разрешувањето на јавниот обвинител, Марко Зврлевски ќе се најде на дневен ред в понеделик, објави ТВ 24 повикувајќи се на извори од парламентарното мнозинство.

Пратениците од мнозинството очекуваат тој да биде разрешен уште истиот ден, но се зависи од  однесувањето на опозицијата и дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат конструктивни.

Доколку предлогот за разрешување на Зврлевски биде изгласан на седницата во понеделник, веќе следниот ден пратениците ќе заминат на одмор. Доколку расправата се оддолжи, пратениците од мнозинство најавија дека ќе се откажат од одморот се додека Зврлевски не биде разрешен.

Владата претходно ја донесе одлуката за разрешување на Зврлевски поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.

Констатирано е дека Зврлевски не е способен за извршување на функцијата, не поднесувал барања за поведување кривична постапка за случаи предвидени со закон и со тоа го нарушил угледот на функцијата.

Слично

Поврзани вести