Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разрешувањето на Јанева од понеделник

Разрешувањето на Јанева од понеделник

Од понеделник во собраниска процедура треба да влезе извештајот за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, паралелно со расправата за законот за јавно обвинителство со кој се решава идниот статус на СЈО.

Според собраниската процедура, претседателот на собраниската Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, треба да закаже седница на која ќе се одлучува за разрешувањето на Јанева. Димовски вчера изјави дека штом го добие извештајот ќе пристапи под итно во насока на забрзување на постапката. Евентуалната одлука на Собранието за разрешување на Јанева, согласно процедурата, повторно треба да се најде пред Советот на јавни обвинители.

Ацо Колевцски, новиот претседател на Советот на јавни обвинители, вчера потврди дека извештајот во кој е аргументирано разрешувањето на Јанева како осомничена во случајот „Рекет“ е испратен во законодавниот дом.

Во моментов власта се надева дека до 10 септември ќе се постигне двотретинско мнозинство односно договор помеѓу партиите за изгласување на законот. Во игра е таканаречениот „План Б“ според кој со апсолутно мнозинство треба да се овозможи изгласување на вршител на должност на местото на Јанева од страна на Советот на јавни обвинители.

Од СДСМ велат дека доколку не се постигне договор тогаш Советот за јавни обвинители согласно законот треба да назначи в.д. специјален јавен обвинител, а не е исклучена можноста да се одржи и лидерска средба.


Слично

Поврзани вести