ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разрешениот судија Лазар Нанев стана полициски инспектор

Разрешениот судија Лазар Нанев стана полициски инспектор

Разрешениот судија од Кавадарци Лазар Нанев, стана инспектор во Полициската станица Кавадарци. 

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гевгелија против него има отворено истрага, зашто во неколку дена Нанев како судија му се јавил на мобилен над 90 пати на обвинет кого потоа го ослободил од кривична одговорност.

Нанев е вратен во ОВР Кавадарци врз основа на одлука од 2002-ра година потпишана од тогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски.

Нанев од декември 1992-ра до 2002-ра работел како инспектор во ОВР Кавадарци и во 2002-ра е избран за судија во Основен суд Кавадарци каде согласно законот бил и вработен. Од Бошкоски, како министер добил одлука дека полициското работно место му се става во мирување.

ad
Слично

Поврзани вести