Разрешениот Лазо Велковски ухлебен на друга функција
Лазо Велковски, кој беше разрешен како директор на Бирото за јавна безбедност на владина седница, ќе биде ухлебен на друга функција - началник на Одделот за борба против организиран криминал, пренесуваат повеќе медиуми.
Велковски беше разрешен од позицијата директор на БЈБ, по скандалот со злоупотребата на неговото службено возило, со кое неговата ќерка беше пренесувана надвор од Македонија, односно во летен камп во Грција.
Пред владината седница за неговото разрешување, премиерот Зоран Заев, потенцираше дека бил одличен професионалец кој од секогаш важел за сплотувачки елемент во СДСМ и додаде дека неговото разрешување е чин на понесување на одговорност.
Заев тогаш потенцираше дека екс-директорот на БЈБ е еден од неговите први соработници и нагласи дека верува оти тој и натаму ќе биде значаен партнер во МВР.
