Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разрешени министрите Сали, Алити и Чупи во Собранието

Разрешени министрите Сали, Алити и Чупи во Собранието

На денешната седница на Собранието разрешени се тројцата досегашни министри во Владата од редовите на Алтернатива.

За заминување на Беким Сали како министер за здравство гласаа 65, додека разрешување на Адмирим Алити како министер за информатичко општество и администрација и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи гласаа 64 пратеници.

Седницата за разрешување и именување нови членови на Владата започна пред десет дена, на 13 февруари. 

Седницата за назначување на новите министри - Фатмир Меџити за министер за здравство, Азир Алиу за министер за информатичко општество, Кренар Лога за министер за правда и Каја Шукова за министер за животна средина треба да продолжи од 19.00 часот.

„Со гласање на 65 пратеници во Собранието денеска се потврди зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство. За жал, поради кочење и блокади на опозициската ВМРО-ДПМНЕ непотребно се изгубија 10 дена во Собранието.

Слично

Поврзани вести