Економија, финансии, бизнис

Контакт

„РАЗРЕШЕНА, ПА СО МОЛЕЊЕ, ВРАТЕНА ВО ОБВИНИТЕЛСТВО“: Дуковски со остра реакција 'исто вака беше независна и у Шарена револуција'

„РАЗРЕШЕНА, ПА СО МОЛЕЊЕ, ВРАТЕНА ВО ОБВИНИТЕЛСТВО“: Дуковски со остра реакција 'исто вака беше независна и у Шарена револуција'

Остра реакција пристигна од адвокатот Сашко Дуковски на социјалните мрежи по објавата на веста дека поддршка за семејствата на настраданите деца од Кочани излезе да искаже и поранешната раководителка на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска. 

Тој без воздржување и без „влакна на јазикот“ упати бројни критики кон поранешната шефица, која и самата беше разрешена од Советот на јавни обвинители по избивањето на скандалот со Управата за финансиска полиција, каде се утврди дека Рускоска правела претрес без да ги почитува законите. 

- „Многу“ сум среќен што воопшто сум дишел воздух а не па работел, секако на спротивна страна со оваа амеба! Што? Амеба! Секогаш спремна да протестира!!! Ама само во нејзин интерес. 

За што ќе протестираш ти бре,правен пуноглавец еден, а, за што? Ти, што се фалеше дека си заборавила луѓе у притвор, ти што ќе тресеше од гаќи судии што не ти прифаќаа луѓе бесконечно да бидат во притвор? Ти ли бре правен ретарду, ти ќе протестираш?

Разрешена, па со молење, вратена во обвинителство, ТИ ќе протестираш, ти? Инаку, си независна, м? Фати си ја тврдата пијачка и не се зезај со работи за кои не си писмена.

Исто вака беше независна и у Шарена револуција, а после водеше фингирани постапки за кои уште чувствуваат многу невини луѓе последици, м? Вака, а? Бедна бедотијо, повторувам, фати си ја пијачката и не ми го контаминирај информативниот поглед во светот кога те гледам на ТВ.! - напиша Дукоски на „Фејсук“.

Еве ја неговата објава: 


За потсетување на вчерашниот протест на родителите на децата кои загинаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој се одржа во Скопје, при што имаа средби со обвинителите, но и со министерот за внатрешни работи, поддршка излезе да им даде и Рускоска. 

Слично

Поврзани вести