Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разрешена е судијката Весна Кичеец

Разрешена е судијката Весна Кичеец

Судскиот совет на денешната седница разрешил двајца судии од Основниот суд Охрид. Една од нив е судијката Весна Кичеец и уште еден судија кој веќе е во пензија.

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев потврдува дека на денешната седница се разрешени двајцата судии без да каже за кои судии се работи, а неофицијално од Советот потврдуваат дека разрешени се судиите Кичеец и Трајче Скрчески кој бил во пензија.

Оваа санкција на Кичеец ѝ е изречена за нестручно и несовесно постапување во судскиот процес против српскиот турист од Краљево, Бојан Угреновиќ кој на 1.01.2016 година на новогодишната прослава го претепа до смрт младиот охриѓанец Димитар Матилоски. Угреновиќ беше уапсен и притворен на барање на Охридското обвинителство. Откако излезе од притвор, Угреновиќ избега од Македонија, а Кичеец потоа го судеше во отсуство.

Судијката Кичеец за ТВ 24 вели дека не и се верувало на информацијата и најави жалба до Врховниот суд против разрешувањето. 

Слично

Поврзани вести