Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разрешена директорката на гимназијата Никола Карев која се закани на учениците кои протестираат

Разрешена директорката на гимназијата Никола Карев која се закани на учениците кои протестираат

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов донесе решение за разрешување на директорката на гимназијата Никола Карев во Скопје, Горица Илиовска,  по објавената снимка каде  на насобраните ученици во холот на гимназијата се заканува со последици врз учениците, доколку истите излезат на протест против загадувањето и глобалното затоплување.

„Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да ги исполнуваат принципите според кои се избрани како почитувањето на правото на слободно мислење, правото на протест и демократскиот натпревар на идеи. Оваа градска администрација стои зад сечие право на протест и слободно мислење и во неа нема место за закани кон средношколците и нивното демократско право на собир и протест. Правото на здрава животна средина е неприкосновено право, исто како и правото да се протестира за истото. Битката против климатските промени и за чистиот воздух мора да биде заедничка, на институциите, но и на граѓаните. И не само декларативна, туку и конкретна. Институциите да предначат, а граѓаните со свој пример да учествуваат во неа. Само така, таа битка може да ја добиеме. Сите заедно“, објавено е на Фејсбук профилот на Шилегов. 

Учениците од неколку скопски гимназии утрово ја бојкотираа наставата револтирани од загадувањето во државата, и затоа што мерките не даваат резултати. 

Македонија и оваа сезона се соочува со високо загаден воздух во најмалку пет - шест градови, но и во помалите места воздухот е средно или ниско загаден. 

Слично

Поврзани вести