Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разрешената директорка на Филхармонија, Тина Иванова бара извинување од министерката и ги отфрли обвинувањата за несовесно работење

Разрешената директорка на Филхармонија, Тина Иванова бара извинување од министерката  и ги отфрли обвинувањата за несовесно работење

Разрешената директорка на Филхармонија, Тина Иванова денеска се јави со реакција. 

Таа ги отфрла тврдењата на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска дека работела несовесно и бара извинување, а ако тоа не се случи, најави тужба. Тврди дека трпела мобинг и притисоци. 

„Разрешена сум вчера, а не пролетоска кога оркестарот на филхармонијата и вработените го изразуваа револтот, затоа што и покрај купот инспекции што министерката наменски и во континуитет се до вчера ги испраќаше во филхармонијата со отворена намера да најде причина за нејзиниот вчерашен чин, инспекциите не беа во можност да и го испорачаат од неа бараниот материјал и истите НЕ утврдија никакви неправилности во моето и работењето на институцијата. Се редеа: Трудова инспекција, две вонредни инспекции од Инспекторатот на Министерството за култура, комисија за увид во документација, група на административни службеници, вработени во Министерството за култура, станаа редовни посетители во нашата институција и се праќаа дури и по неколку пати за да „копаат“ работи кои не постојат единствено затоа што немаше, а и се уште нема, храброст да се каже дека ме разрешуваат поради НЕПОСЛУШНОСТ. Патем, резултатите од инспекциите се јавно достапни документи и секој кој е заинтересиран може да види дека работата е прилично јасна и чиста.

Со ова разрешување и со начинот на кој тоа е направено, Министерството за култура, се разбира актуелната министерка, само ми потврди дека во моментот кога како директор на Македонската филхармонија одлучив да застанам на страна на мојот колектив, го направив, вистинскиот потег. Во оваа прилика, јавно изјавувам дека уште цврсто стојам на својот тогашен став, и уште еднаш и со ова јавно обраќање, ја потврдувам својата поддршка кон оркестарот, колективот, целата институција од каде што всушност, на јавен конкурс, и бев избрана на одговорната работна позиција директор“, пишува таа на социјалните мрежи. 


Од Министерство за култура велат дека Тина Иванова и УО на Филхармонија се разрешени исклучиво поради низа откриени неправилности при работењето. Тие велат дека Филхармонија мора професионално да биде раководена како институција. 

фото тв 24

Слично

Поврзани вести