Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разрешена директорка од скопско училиште не ја дава фотелјата

Разрешена директорка од скопско училиште не ја дава фотелјата
Битка за директорско место се водеше утринава во скопското училиште 11 Октомври. Разрешената директорка не ја напушта функцијата и не му го отстапува директорското место на  новиот директор. Целиот скандал изби уште на почетокот на учебната година кога во училиштето беа затруени стотина ученици а тогашната директорска  Даниела Костадиновска беше разрешена од фукнцијата. За нејзин наследник е поставен Васко Лазаревски. Костадиновска се брани дека била разрешена од Општина Центар на незаконски начин и дека до ДК за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен упатила жалба која и била уважена. Лазаревски пак вели дека тој управува со училиштето, а дека Костадиновска седи во канцеларијата на секретарката со полициска заштита. Целиот скандал кулминираше кога група револтирани родители упаднале во канцеларијата каде се наоѓала екс директорката и побарале од неа да си оди бидејќи  не е веќе легитимен директор,  и дека две години наназад не дозволувала училиштето да функционира нормално. Родителите упатија обвинувања до директорката и порачаа да фати дека тоа не е политичка институција каде се слушаат партиски одлуки туку дека на нив им е најважен интересот на децата.
Слично

Поврзани вести