Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разрешен последниот функционер на ДУИ од Гостивар затоа што е од „Огнените“

Разрешен последниот функционер на ДУИ од Гостивар затоа што е од „Огнените“

ДУИ повеќе нема ниту еден претставник во власта од огранокот во Гостивар, откако Ресми Ејупи, следбеник на „Огнената група“, објави дека е разрешен од функцијата државен секретар на Министерството за труд и социјална политика.

„Почитувани членови и симпатизери на ДУИ Гостивар, во 2020 година бев назначен за државен секретар во Министерството за труд и социјална политика од страна на раководството на Огранокот Гостивар, кога претседател беше Башким Хасани, на кого сакам јавно да му се заблагодарам за укажаната доверба во тоа време, јас како член на ДУИ да бидам политички претставник во оваа институција, каде што се обидов за овие две и пол години да дадам се од себе и да бидам на располагање на општеството и политичката структура.

Во оваа прилика сакам да ве информирам дека од вчера повеќе не ја вршам функцијата државен секретар во Министерството за труд и социјална политика и тука вреди да се нагласи дека единствена причина поради која сум разрешен од оваа функција е ЈАВНАТА ПОДДРШКА ЗА РАЗЛИЧНОТО МИСЛЕЊЕ ВО ПАРТИЈАТА“, објави Ејупи.

Тој додаде дека и понатаму ќе ги поддржува мислењата за кои смета дека се во корист на општеството и дека ќе ја продолжи својата активност како дел од фракционерската „Огнената група“.


Слично

Поврзани вести