Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАЗРЕШЕН КОНТРОВЕРЗНИОТ ДИРЕКТОР НА ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ - нова в.д. директорка ќе биде Магдалена Петревска

РАЗРЕШЕН КОНТРОВЕРЗНИОТ ДИРЕКТОР НА ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ - нова в.д. директорка ќе биде Магдалена Петревска

ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче денеска конечно доби нов в.д. директор, со што дојде до престанок на мандатот на претходниот, информираат од општина Аеродром, од кабинетот на новиот градоначалник Тимчо Муцунски. 

„И покрај тоа што претходниот директор беше повторно предложен да раководи со најголемото училиште во Аеродром, од етички и морални причини градоначалникот Тимчо Муцунски одби да го именува на таа функција со цел заштита и одржување на угледот на училиштето, на наставниот кадар и на самите ученици.

За претходниот директор на ООУ „Лазо Ангеловски“ имаше бројни поплаки. Тој со своето однесување предизвика бурни реакции во јавноста и нанесе голема штета на училиштето во кое со децении наназад работат врвни професионалци“, се вели во соопштението од општина Аеродром.

Градоначалникот Муцунски, како што додаваат, уште од првиот ден се заложил и цврсто останува на неговото ветување дека Општина Аеродром ќе ја врати довербата и позитивната слика за сите институции кои се под нејзина надлежност. Засега, на чело на училиштето и како вршител на должноста директор ќе застане Магдалена Петревска.

„Децата се нашата иднина, а одговорноста е на сите нас да им обезбедиме безгрижно детство и најдобри услови за нивен правилен раст, развој и квалитетно образование водено и спроведено од професионален и посветен кадар!“, се вели во соопштението. 

Слично

Поврзани вести