Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разрешен досегашниот директор на СОЗР-го замени Пеце Мирчески

Разрешен досегашниот директор на СОЗР-го замени Пеце Мирчески

На денешната владина седница разрешен е досегашниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Република Македонија, Васе Доневски, соопштија од кабинетот на премиерот Зоран Заев. 

За нов директор на Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Македонија, е именуван Пеце Мирчески.

На седницата на Владата се разгледани првичните информации за последиците од невремето во тетовско, поради излевањето на Поројска река  и се задолжени повеќе надлежни министерства за брзо формирање комисија која што ќе излезе на  терен за брзо утврдување на настанатите штети. Истовремено дадено е задолжение на министерствата за транспорт и врски и за животна средина да изготват подетална информација за теренската состојба околу Поројска река, со цел трајно решавање на проблемот за жителите од овој реон.

Слично

Поврзани вести